еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гордана Јанкулоска излезе од затвор

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која беше во затворот Идризово за случајот „Тенк“, излезе од затвор.

„Постапувајќи по кривичниот предмет КР-133/23, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкулоска од Скопје, при што Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 01.11.2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело,“ информираа од Апелацискиот суд пред неколку дена.

Од таму информираа дека „судот ги ценел личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, а посебно ценејќи ги предвид податоците од Установата каде осудената ја издржува казната затвор, со оглед да осудената ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, истата се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и однесувањето и било во склад со општествените норми.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанкулоска во најблизок контакт со Јанакиески, со Ставрески не комуницира

Најтешко ми е што сум разделена од синот, вели Јанкулоска во интервју за „360 степени“

Јанкулоска излезе од затвор за викенд и се сретна со Мицкоски, среде „војната“ со Груевски

Фото: Фејсбук/Јанкулоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бездомните кучиња во Скопје добија десет куќички

Редакција

Русите бегаат од Русија, ние кај ќе бегаме?

Редакција

Македонски Телеком и А1 во „мртва трка“ на пазарот на ТВ-услуги

Редакција