еМагазин
Image default
Бизнис

Во септември незначително зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на септември лани, е зголемен за 2,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од 2022 е поголем за 1,1 отсто.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 1,6 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3,1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5,1 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата, бележи пораст кај Капитални производи за 15,7 %, опаѓање бележи кај Енергија за 4,3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,7 %, додека кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Телеком лани ја зголеми нето добивката за 6,3 отсто

Редакција

„Бетон“ оствари добивка од 27 милиони денари

Редакција

Адинг во првите три месеци со намалена добивка

Редакција