еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По влезот во НАТО и ЕУ нема да Ве крадеме

По влезот на Македонија во НАТО и ЕУ платите ќе бидат повисоки, земјоделските производи кажи речи сами ќе се продаваат, конечно македонските граѓани ќе користат „вистински“ вакцини, општините нема да работат со блокирани сметки…

Што ли се не се изнаслушавме деновиве, предреферендумски.

Да, НАТО ќе и донесе стабилност на Македонија и да, влезот во ЕУ ќе донесе повисок стандард. Никој нема дилема за тоа.

Ама престојниот референдум не е за тоа дали македонските граѓани сакаат да влезат во ЕУ и НАТО, туку за промена на името на државата од Македонија во Северна Македонија и сите скриени и нескриени работи што одат со тоа во пакет.

Македонските граѓани сакаат да бидат дел од ЕУ и НАТО, но вистинското прашање е дали се подготвени да си го жртвуваат името на државата, историјата… и се друго што ќе повлече таквата одлука.

Во кампањата која треба да ги натера граѓаните прво да излезат на референдумот, а потоа и да гласаат ЗА, никој не зборува за името и историјата, а уште помалку за уставните промени, предвидени со договорот за името со Грција, кои македонскиот Устав ќе го издупчат како швајцарско сирење.

И кога сме веќе кај ЕУ и НАТО, никој не ги споделува искуствата на Бугарија, Грција, Романија, Албанија, па и Хрватска.

Грција со децении е во ЕУ и НАТО, а за малку ќе банкротираше. Граѓаните на Бугарија масовно се селат по влезот во ЕУ, а криминалот уште цвета во Албанија иако со години е во НАТО.

За Романија да не правиме муабет, а ништо порозево не е ни во Хрватска.

Значи не зависи дали во една земја ќе течат мед и млеко ако таа стане дел од ЕУ и НАТО, туку од тоа кој ја води таа земја.

А нашава богами 27 години никој не ја води. А тоа е сосема доволен период една земја сама да си обезбеди благосостојба. Но наместо тоа за себе и потомците благостојба си обезбедија политичарите во тандем со олигарсите, кои мува не ги лази, а граѓаните ги доведоа до просјачки стап, не само финансиски, туку и духовно.

Така да вистинската порака во кампањата треба да биде: „По влезот во ЕУ и НАТО стварно нема да Ве крадеме“.

Фото: essay.iaspaper.net

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На што ќе се трошат парите на граѓаните: Општина Тетово за 2023 со буџет од 29 милиони евра

Редакција

Се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, како превенција од ширење на корона вирусот

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на СОУ „Нико Нестор“ за набавка на масло за домаќинство вреден 58.000 евра

Редакција