Кој ли се не дојде деновиве во Македонија за да ги убедува граѓаните за да излезат на референдумот за името. Германци, Американци, Холанѓани, Италијанци, Австрици… Фали уште кралицата Елизабета.
Дојде додуша и еден „принц“, ама само за сликање.
Супер што толку многу високи светски и европски политичари се грижат за иднината на земјата, кои да се надеваме дека после се што се случи последниве децении на Балканот (а „игрите“ овде се далеку од завршени), конечно сфатиле дека и тие нема да бидат стабилни, ако и ние не сме стабилни.
Тоа не го сфатија кога на просторите на бивша Југославија се полнеа масовни гробници, а богами и кога кај нас се прожектираше вештачка војна, а ни па кога во Куманово сака и втора сезона да ни прави некој со војна.
Супер ќе беше и нашиве политичари во последните 27 години да покажеа толкава голема грижа, па сега не ќе требаше да бираме помеѓу БУ или ЏА.