Музејот на терористичката УЧК во Сопот бил на приватен имот, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Има ли дозвола за градба музејот на УЧК во Сопот, во кој виси и картата на „голема Албанија„
-Она што е карактеристично за овој случај е дека се работи за приватен имот. Ако се работи за општествен имот, дозвола треба да даде општината, а Општина Куманово немала информации во однос за истото, изјави тој.
Новинарите го праша и за картата на „голема Албанија“, која е истакната на две места во музејот, што предизвика лавина од негативни реакции во јавноста.
-Ставање на таква карта е задоцнето точно 145 години. Ако по нешто може да се отслика какви биле односите на Балканот пред 145 години, пред 200 години, тоа се таквите слични карти кои што ги има секоја држава на Балканот. Ама буквално секоја.
Меѓутоа, сметам дека она што го имаме денес како општество воопшто не ги прави релевантни таквите мапи. бидејќи после 2001 година и по влегувањето во НАТО, ние во нашата држава имаме други мапи кои што се релевантни. А тоа е мапата на државите земји членки на НАТО и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ, мапата која што ние ќе ја имаме и се надевам и сите од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа.
Сето друго е со 145 години задоцнување“, рече Ковачевски.
Викендов во музејот присуствуваше раководството на владејачката ДУИ, со лидерот Али Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Ахмети/Фејсбук