еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Клиника Жан Митрев е медицински партнер на ЖРК Ѓорче Петров

Клиника Жан Митрев е медицинскиот партнер на македонскиот шампион Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров, информираат од таму.

-Со оваа соработка, најдобрата приватна клиника ќе се грижи за здравјето и за подобрување на перформансите на ракометарките, посочуваат од таму.

За физичката и кондиционата подготвеност на ракометарките на располагање им се најсовремените техники, апаратура и долгогодишно искуство на тимот од Клиника Жан Митрев. За контролните прегледи на ракометарките ќе се грижи тим од доктори специјалисти, предводен од д-р Виолета Николов, специјалист гинеколог.

-Екипата целосно ќе биде под здравствената заштита од наша страна. Во нашата грижа за ракометарките ќе бидат применети светските искуства во спортската медицина од здравствен аспект, со цел постигнување максимални резултати.

Имаме нови методи кои сакаме и ќе ги искористиме за мониторинг на нивната здравствена состојба и за подобрување на психофизичката подготвеност. За нив ќе работи интердисциплинарен тим составен од физиотерапевт, специјалист ортопед, кардиолог како и најновото во спортската медицина, гинеколог.

Се надевам дека ќе бидат задоволни и резултатите ќе бидат видливи. Пред овие девојки претстојат многу предизвици и успеси, а ние ќе помогнеме во постигнувањето на тоа, вели Д-р Виолета Николов од Клиника Жан Митрев.

-Од соработката со Клиниката Жан Митрев ќе имаме големи придобивки, затоа што без соработка со врвни медицински установи нема резултат и тие ќе бидат од голема помош за подобрување на перформансите на играчите. Се надевам дека првите резултати ќе ги видиме набрзо“, вели Ангела Цветановска, член на УО на клубот.

-Тоа ни е потребно. Во професионалниот спорт и женскиот ракомет многу се вложува во ова. Ова е еден нов предизвик. Јас како тренер ќе ги знам сите атрибути на играчите. Мислењето на лекарите и медицинскиот тим секаде се исклучително важни. Комуникацијата меѓу нас и Клиника Жан Митрев ќе биде на високо ниво.

Ни треба брзо враќање на играчите кога имаме тешки натпревари, вели тренерот на ЖРК Ѓорче Петров Симе Симовски.

Соработката за меѓу Клиниката Жан Митрев и ЖРК Ѓорче Петров е веќе активна, за што ракометарките веќе започнаа со контролните прегледи пред натпреварот против белгиски Еупен, во рамките од 3. коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Атиџе во авион на пат кон Холивуд: Се чувствувам како птица која лета

Редакција

(Видео+Фото) Симон Трпчески со Македонисимо ја крена на нозе штипската публика и им приреди незаборавно доживување

Редакција

Три ученички од Скопје ќе се школуваат во „НОВА“ со целосни стипендии „Борис Трајковски“

Редакција