По одлуката на Европскиот суд за човекови права и слободи во Стразбур за случајот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески против државата, со која притворот за случаите „Организација на 27 април“ и „Шпански скали“, е неправеден, на Фејсбук се огласи неговата сопруга Сања Јанакиески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-За среќа секогаш правдата победува и вистината излегува на виделина. Господ дава сила на праведните и храбрите! Велат големите луѓе имаат големи искушенија…па љубов моја не застанувај, продолжи да чекориш една нога пред друга, барај сила во себе, слушај го гласот во тебе кој те води напред како и досега, знам дека ќе успееш и ќе победиш, ќе победиме.
Не застанувај и бори се за правдата зашто ја заслужуваш ти, ја заслужуваат твоите синови!, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Јанакиески