На вчерашната седница за новиот Деловник на Собранието, пратеникот на Левица, Борислав Крмов, го искрши мониторот и микрофонот на заменик претседателот, Горан Мисовски.
Тој ќе треба да ја плати штетатата која ја направи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По инцидентот Деловникот беше усвоен, а поради оштетување на опремата во пленарната сала, следните седници, како што најави претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе се одржуваат во салата Купола.
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Крмов, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал пратеник.
Каков имот пријавил
Во неговиот анкетен лист пријавил само стан на негово име во Штип од 65 метри квадратни, проценет на 2 милиони денари, кој е од наследство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крмов кршеше во Собрание, Апасиев со чевел ставаше печат на амандманите за Деловникот
Изгласан новиот Деловник, Левица го оштети системот за работа во пленарната сала на Собранието
Фото: Левица/Фејсбук