Од утре температурите во Македонија ќе опаднат за 10 до 15 степени целзиусови, а од среда наутро утринските може да паднат и околу нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето, информираат од УХМР, ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени.
Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти околу нулата. Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.