еМагазин
Image default
Бизнис

Стоби Флипс и Брилијант се најпознати брендови во 2023 година

Стоби Флипс е најпознатиот бренд во категорија флипс, а Брилијант во категоријата сончогледово масло, според истражувањето „Најпознати брендови 2023-та година” на Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД.

Истражувањето е спроведено со директно интервјуирање на 1.200 потрошувачи на територија на целата држава, од кои 86% проценти го избрале Стоби Флипс како најпрепознатлив бренд, а 49% сончогледовото масло Брилијант.

-Популарноста на Стоби Флипс отскокнува далеку над другите брендови во оваа категорија и продолжува во континуитет со речиси изедначено учество со претходните две години, со што си ја потврдува позицијата како најпрепознатлив бренд на домашниот пазар со најголем процент препознатливост од потрошувачите во сите категории.

Анализирани се вкупно 16 категории на производи, а Витаминка е една од двете компании застапени на оваа листа со два водечки бренда во своите категории, информираат од компанијата.

Инсајдер ИД веќе 4-та година по ред го спроведува истражувањето во кое учествуваат сите брендови од домашно или странско потекло, достапни во малопродажба на домашниот пазар и нуди увид во популарноста на брендот, довербата и изборот на потрошувачите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Импресивна снимка од новиот автопат Миладиновци-Штип

Редакција

Општина Куманово вработува пет лица, плата до 37.647 денари

Редакција

Европа лани со намалена добивка за 20%

Редакција