Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените се 4.453 деца и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 9,8 %.
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6,8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година, односно починале 4.747 лицa, а од нив 8 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен, – 294 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во третото тримесечје од 2023 година се склучени 4.116 бракови, што претставува намалување од 11,4 % во споредба со истиот период од 2022 година.
Во ова тримесечје се разведени 301 брак.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.