Јавното обвинителство отвори истрага и за струмичанецот Стефан Димковски, кој го возеше осомничениот за убиството и грабнување на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.
Обвинителството побара притвор и за него.
Од таму информираат и дека засега нема барање за притвор за адвокатот на Палевски, Васко Стојков, кој со возило го однесе до Белград, Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?
-Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик.
Во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на сторител да не биде откриен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, обезбедувајќи му превоз со автомобил.
Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило Ланд Ровер со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград.
Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина. Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р. Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција.
Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски го однесов во Белград за на преглед, не знаев за убиствата, вели неговиот адвокат Стојков
За уште едно лице кое од вчера беше задржано 24 часа во полициска станица, до ОЈО Скопје е доставено известување. Јавен обвинител оцени дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат, информираа од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната