еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР вели нема кривично дело: Расчистен случајот со наводното киднапирање во Карбинци

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека е расчистен случајот за наводното киднапирање во Карбинци, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело.

-СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, а координација со Основното јавно обвинителство Штип комплетно го расчистија и документираа случајот пријавен од директорката на основно училиште Карбинци за наводен обид за грабнување на ученичка, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело.

Имено, веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со јавен обвинител од штипското Обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот.

Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично правен настан.

Целокупниот доказен материјал од преземените мерки и активности со соодветно известување ќе биде доставен до надлежното Основно јавно обвинителство и Центарот за социјална работа Штип за нивно понатамошно постапување, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немало обид за киднапирање на деца во Карбинци, велат од МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипски „Бетон“ и грчки „Интеркат“ направија вонсудска спогодба да се откочи изградбата на новата Клиничка болница во Штип

Редакција

Нови 240 случаи на Ковид-19, четворица починати, оздравени 446 лица

Редакција

(Видео) Најдобрите моменти: Новак Ѓоковиќ во „трилер“ натпревар по 8. пат го освои „Австралија опен“

Редакција