Пожарот во приемното одделение на затворот Идризово попладнево е изгаснат, изјави за МИА командирот на Бригадата за Противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томевски.
Во гаснење на пожарот е интервенирано со 12 пожарникари и со пет возила.
Во пожарот, кој во полицијата бил пријавен околу 14:00 часот, беше зафатена кровната конструкција, потврди директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.
Повредени лица нема, а според првичните информации причина за пожарот е застарената електрична инсталација.
Лицата од приемното одделение во моментот на пожарот биле префрлени во други простории.
МИА/Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.