Двојното убиство во Челопек е во фокусот на јавноста, а деталите кои ги соопштија полицијата и Јавното обвинителство покажуваат дека трагедијата можела да биде уште поголема.
Имено, како што информираа од Обвинителството, осомничениот за убиствата, кој е на возраст од 59 години, и е приведен, сакал да убие уште четири лица од истото семејство, откако претходно убил братучед, кој имал 52 години и неговиот син, кој имал 28 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко и син се убиените во Челопек
Повредено е и лице, исто родина на осомничениот, на возраст од 54 години.
Полицијата соопшти дека на местото на убиството се пронајдени три пиштоли. Еден пиштол е одземен од приведениот, а останатите два биле пронајдени во непосредна близина на убиените.
Осомничениот се сретнал со убиените кога излегле во дворот на куќата и започнал расправија за пат кој го користеле заеднички и за кој и претходно имале несогласувања. По расправијата, извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и започнал да пука кон нив.
Едниот од нив возвратил со истрели од огнено оружје за кое имал дозвола.
Откако ги убил таткото и синот продолжил да пука и кон останатите четири лица, нивни роднини, нанесувајќи му огнострелни повреди на еден од нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расправија за пат била причината за убиството на татко и син од Челопек