еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Продолжен притворот на петмината осомничени за грабнувањето и убиството на Вања и Панче

За 30 дена е продолжен притворот на петмината осомничени за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

За убиството и грабнувањето на Вања и Панче е осомничен Љупчо Палевски Палчо, кој е уапсен во Турција и се чека негова екстрадиција во Македонија.

За соучество во убиство и грабнување се осомничени нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не сака да ги брани осомничените за грабнувањето и соучество во убиствата на Вања и Панче

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за продолжување мерка притвор против 5 лица, донесе решенија со кои Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа за В.М., В.К., Б.В., за кои постои основано сомнение за две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.4 и чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 од КЗ, и две кривични дела Грабнување од чл. 141 ст.1 и чл. 141 ст.2 вв ст. 1 од КЗ, како и за А.Ѓ., осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, сите поврзани со убиството на малолетната девојка од Скопје – В.Ѓ и велешанецот П.Ж..

Воедно е прифатен и предлогот и за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена и за С.Д.,  осомничен за Помагање на сторител во извршување на кривичното дело од чл. 365 ст.5 вв со ст.1 од КЗ, а поврзан со бегството на прво осомничениот, кој се наоѓа во екстрадиционен, краткотраен затвор во Р.Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје, се наведува во соопштението, информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Палевски зависи колку брзо ќе биде екстрадиран во Македонија

Дали Љупчо Палевски Палчо убил и другпат?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителката Рускоска: Ако има дополнителени докази, можна нова постапка за „27 април“

Редакција

Денеска средба на Ковачевски со Мицкоски за францускиот предлог

Редакција

Во последните три дена: 180 нови случаи на Ковид-19, оздравени 153, нема починати

Редакција