еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Новите двајца директори на М-НАВ, Хекуран Асани и Милан Кораќ ќе стапат на функција следната недела

По предлог на Владата, Надзорниот одбор (НО) на државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ) на вчерашната седница ги разреши од функција претседателот на Управниот одбор и извршниот директор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски.

На нивно место ги именуваше Хекуран Асани и Милан Кораќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ

Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ

Поради законските процедури НО ќе има уште една седница во понеделник, а новите директори треба да бидат впишани во Централниот регистар следната недела, со што ќе можат да ги преземат функциите.

Третиот директор во М-НАВ, извршниот секторски директор Хасим Деари, останува на функција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Хасим Деари, секторскиот директор во М-НАВ, кој не е разрешен

Каков имот пријавил Фахрудин Хамиди, директорот во М-НАВ, за кој упадот во Контролата на летање е кошкање помеѓу колеги

Едмонд Калиќи на местото на Хавзи Емини во Надзорниот одбор на М-НАВ

Фото: М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пеколните температури со над 40 степени ќе се задржат до петок

Редакција

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

Редакција

За Бугарија неприфатлив предлогот: БГНЕС објави детали од решнието за надминување на спорот со Македонија

Редакција