Бројот на апарати за магнетна резонанца за пет години е зголемен за двојно од 7 на 14, но сепак бројот на услуги не се зголемува, констатира Државниот завод за ревизија во извештајот “Користење на здравствени услуги со радиолошка дијагностика – магнетна резонанца“.
Просечно, имало 2.800 снимања по апарат, што е за трипати помалку од европскиот просек.
Ревизијата открила дека пациентите долго чекале за снимање на магнет, што ги приморало да си платат на приватно околу 200-250 евра.
Освен долгото чекање за снимање, ревизорите констатирале проблем и во однос на долгото чекање за резултати, па така граѓаните чекале најмалку 10 дена, а некои и со месеци радиолог да им го исчита резултатот. Причината е зошто има недостиг од вакви специјалисти и недоволно едуциран кадар.
Државниот завод за ревизија утврдил дека во Мој термин од 2017-2020 годна имало над 110 илјади термини и дека 83 отсто од нив биле закажани, а дури половина од тие, закажаните не го искористиле своето право на преглед.
Во извештајот е посочено и дека на магнетна резонанца се снимале и незакажани пациенти, Фондот за здравство (ФЗО) на болниците им исплатил повеќе пари зошто прикажале над 25.000 вакви услуги отколку што имало во евиденцијата од Мој термин.
Осугурениците за снимање на магнет плаќаат партиципација 700 денари. Приватно, услугата болници ја наплаќале 16.000 денари од кои 100 евра од пациентот, остатокот од ФЗО, што е за 47 отсто повеќе од цената за странци која изнесува 10.900 денари, посочуваат ревизорите.
Во анализата е посочено и дека често пати имало неосновано упатување за магнетна резонанца од страна на специјалисти, а на 12 отсто од пациентите воопшто не им бил даден извештај.
Фото: МЗ