еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како изгледа составот на техничката влада, која треба да се изгласа денеска до полноќ

Денеска во 11 часот во македонското Собрание треба да почне седницата за избор на техничката влада, која треба да се избере до полноќ.

Истата има мандат од 100 дена, до одржувањето на парламентарните избори на 8. мај.

Технички премиер ќе биде Талат Џафери од ДУИ.

Според законот дел од техничката влада е и опозицијата која добива две министерски места и три места за заменици-министри.

Во истата нов прв вицепремиер на местото на Артан Груби (ДУИ) ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ (СДСМ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Артан Груби, кој нема да биде прв вицепремиер во техничката влада

Каков имот пријавил Бојан Маричиќ кој ќе биде прв вицепремиер во техничката влада

Груби останува министер за политички систем и односи помеѓу заедниците.

Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски, министер за труд и социјална политика (ВМРО-ДПМНЕ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ѓоко Велковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика во техничката влада

Кој е Панче Тошковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада

На досегашните функции остануваат Кренар Лога – министер за правда (Алијанса за Албанците (АА)), Бујар Османи – министер за надворешни работи (ДУИ), Фатмир Бесими – министер за финансии, (ДУИ) Крешник Бектеши – министер за економија (ДУИ), Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, (СДСМ), Фатмир Меџити – министер за здравство (АА), Јетон Шаќири – министер за озбразование, (ДУИ), Ристо Пенов – министер за локална самоуправа (ЛДП), Бисера Костадиновска Стојчевска – министерка за култура (СДСМ), Азир Алиу – министер за информатичко општество и администрација, (АА) Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, (СДСМ), Каја Шукова – министерка за животна средина (СДСМ), Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања (СДСМ) и Славица Грковска, вицепремиерка за политики за добро владеење (СДСМ).

Митко Бојмацалиев (СДСМ) ќе биде дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а досегашната министерка Јованка Тренчевска дополнителна заменик министерка во труд и социјала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите за заменици министри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада

Дополнителен заменик– министер за финансии ќе биде Елена Петрова од ВМРО-ДПМНЕ, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски (ВМРО-ДПМНЕ), а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски (ВМРО-ДПМНЕ).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фокус ја објави листа на советници на премиерот Ковачевски

Редакција

Заев предлага разрешување на двајца министри без ресор

Редакција

„Ел те инженеринг“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за ремонтни активности вреден 194.000 евра

Редакција