еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Скопјани со најголеми, а крушевчани со најмали можности за здравствена заштита

Големи се разликите меѓу 30. здравствени региони во земјава кога станува збор за можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите на овие региони, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето, кое вклучува 22 индикатори, ги зема предвид човечките и просторните медицински капацитети што им стојат на располагање на жителите на овие региони како што се болници, здравствени домови, служби за заштита на жени, претшколски и школски деца, лекарски, специјалистички и друг здравствен кадар, но и општата и стапката на смртност на доенчиња.

На врвот на ранг-листата се големите градови како Скопје, Битола и Штип, сите со сличен степен на здравствена заштита што можат да ја добијат нивните жители. Во горниот дел од листата се наоѓаат уште 8 други градови – освен Виница, сите исто така големи градови: Кавадарци, Велес, Тетово, Прилеп, Куманово, Струмица и Струга.

На дното се наоѓаат помалите градови. Последно е Крушево, каде можностите за здравствена заштита се неколкукратно помали отколку во кој било друг град во земјава. Покрај Крушево, со многу мали можности за соодветна здравствена заштита се и жителите на Крива Паланка, Валандово, Македонски Брод и Кратово.

Останатите градови се во средина на листата. Генерално, станува збор за помали градови, иако има и неколку поголеми како Гостивар, Охрид, Кичево, Кочани и Гевгелија.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на УЈП за набавка на лесно масло за горење

Редакција

Малинка Ристевска-Јорданова: Пратениците Македонци беа надгласани, опасен преседан, подржан од ЕУ

Редакција

На продажба атрактивен деловен и магацински простор на „Авиоимпекс“

Редакција