еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За имотен лист за нов стан во Катастар наместо 1.250, ќе треба да платите и над 4.000 денари

Значително се зголемени давачките за дел од катастарските услуги.

Сега наместо 1.250 денари при купување на нов стан и упис во Катастар, за имотен лист ќе треба да платите најмалку 3.750 денари, објави телевизијата Сител.

При промена на сопственост, досега, во имотниот лист покрај квадратурата на станот се запишуваше и делот од заедничките простории и делот од земјиштето под зградата.

Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи дека трите листа ќе Ве чинат 3.750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги.

Ако купувате и гаража, ќе треба да платите за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

Предбележување на имотен лист во фаза на градба ќе Ве чини 5.250 денари по имотен лист. Истата сума ќе ја платите и за предбележување како услов за запишување на инфраструктурните објекти. За бришење на предбележување пак ќе треба да платите 2.625 денари.

Поскапување има и кај премерот што го прават геодетите и за самото изготвување на планот, објави телевизијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еко-фарма „Беровко“ се вклучува во хуманитарната помош за лекувањето на Леонид

Редакција

(Видео) Несекојдневно сведоштво на чичко Ванчо: Ме спасија од Ковид-19, па успешно ме оперираа

Редакција

Убава вест: 77 оздравени од Ковид-19

Редакција