Бензините поскапуваат до еден денар, а дизелот поевтинува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Малопродажната цена на бензинот „Еуросупер БС-95“ се зголемува за 0,50 ден/лит, и ќе се продава за 83 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот „Еуросупер БС-98“, се зголемува за 1 ден/лит, и ќе се продава за 85,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит, и ќе се продава за 76 ден/лит.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.