еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Кучиња спасија маж во велешко кој го нападнала мечка

Маж од селото Дреновци, прилепско, на возраст од 61 години синоќа на планината Мукос, атар на село Оморани, Општина Чашка, додека напасувал крави, бил нападнат и каснат од мечка, а од истата го спасиле неговите кучиња.

Освен што доживеал голем стрес, има телесни повреди на грбот и телото и е каснат на двете нозе, на едната посериозно.

Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), при нападот успеал, инстиктивно, после неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња.

Мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално.

По нападот мажот се вратил назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму папсал, изгубил сила, а најверојатно и заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие.

Повредениот сточар, бидејќи не се јавил дома од неделата (08.04.2024), а неговите блиски од семејството не можеле да го добијат на телефон, загрижени отишле директно на планината во „Колибата“ кај стадото крави и таму го затекнале под голем стрес и повреден.

Примарно го згрижиле и веднаш го однеле во болница (ЈЗУ Општа болница Велес – хируршко одделение), каде што му е пружена соодветна медицинска нега и му се дадени лекарства.

Неговите нозе, покрај раните од каснувањата биле и отечени од ударите при борбата да не го касне на стомак и да го повреди повеќе. На едната нога имал и помала скршеница и таа му била соодветно преврзана со медицински средства.

Од денеска е на домашно лекување.

Блиските од семејството го информирале ЦУК дека мечката го напаѓала стадото и другпат, но овојпат директно го нападнала сточарот, кога тој доцна попладне во неделата го враќал стадото крави од пасење.

Истата мечка во последните три години постојано го напаѓала стадото, при што само во последната година има убиено три крави и неколку телиња.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остана мистерија кој сакаше да го убие: 26 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

Редакција

Грција целосно се отвара до 1 јули: Презентирани правилата за „новото секојдневие“

Редакција

(Фото) Охрид полн со туристи, ама и со ѓубре и отпад

Редакција