Торба со пари – српски динари, македонски денари и поголема сума на евра е пронајдена кај Австриец, кој пред неколку дена загина откако излета од патот Тетово-Попова Шапка.
Станува збор за Е.В. (80) од Виена, Австрија, кој бил сам во возило „Сузуки“ со австриски регистарски таблички, а несреќата се случи на 7. април.
Пари се пронајдени и околу неговото беживотно тело, пронајдено надвор од неговото возило, и сите се предадени на полицијата.
За случајот се известени и Одделот за меѓународна полициска соработка, Министерството за надворешни работи, Амбасадата на Австрија и Канцеларијата на Интерпол.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.