еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Спремете повеќе пари ако одите во Грција за првомајските и велигденските празници

Традиционално голем дел од македонските граѓани ќе ги поминат престојните првомајски и велигденски празници во соседна Грција.

Таму, како што пишува весникот Вечер ќе бидат дочекани со повисоки цени.

Како што велат од туристичка агенција за весникот цените на хотелите се повисоки од лани за 30 до 40 отсто, а и апартманското сместување е поскапено. Така во хотелите со 3 и 4 ѕвездички ќе платите 120 евра од соба со појадок и вечера.

Статистичките податоци покажуваат дека во Грција во последно време е забележана повисока стапка на раст на цените, речиси највисока во последните две децении, а тоа се однесува и на сместувањето и на храната.

На пример, во некогаш малото рибарско село до Неа Потидеа, кое сега е топ дестинација поради близината до Солун за гиро ќе треба да платите 4 евра, а доколку ви го послужат како оброк во чинија, со прилози и без тортиља ќе ве чини 7 евра. Аперол на плажа чини 8,5 евра, додека шолја „фредо капучино“ чини 5 евра. Мало пивото е 4,5 евра, додека цените на пецивата во голема мера останаа исти, пишува весникот.

Податоците покажуваат дека последниве години најмногу се зголемени цените на апартманското сместување. На пример, двокреветен стан во Никити, на почетокот на јуни чини 278 евра по лице, додека цената во сезона на крајот на јули и првата недела од август е двојно повисока и изнесува 588 евра.

Цените за изнајмување на студио/апартмани се и над 1.000 евра. За 10 дена на почетокот на јули треба да одвоите 920 евра, додека следниот термин е веќе 1.040 евра.

Во Сарти на пример цената се движи од 258 евра по лице во втората недела од јуни, до 438 евра за истиот период два месеци подоцна. Во јули и август цените во Неос Мармарас одат и до 780 евра за изнајмување на апартман, пишува Вечер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР повика да не се патува во Италија

Редакција

„Инвеститорскиот ден“ ја „загреа“ Македонската берза: Прометот надмина милион евра

Редакција

Концерт на „Македонијо во срце те носиме“ на 21. септември во Велес

Редакција