Од Јавното сообраќно претпријатие (ЈСП) Скопје информираат дека за време на велигденските празници, односно од утре, петок (3.05.2024 година) до понеделник (6.05.2024 година), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.
Исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре, петок (3.05.2024 година) ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Утре, петок (03.05.2024 година) и в недела (05.05.2024 година), од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Во сабота (04.05.2024 година) сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а в недела (6.05.2024 година) за сите е неработен ден.
Жичарницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник (06.05.2024 година), другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.
-Ве потсетуваме дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани, велат од таму.