еМагазин
Image default
Македонија

Досега само шест приговори за референдумот до ДИК

До ДИК досега се пристигнати шест приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите за референдумот што се одржа во неделата на 30 септември.

Приговорите се однесуваат на гласачки места во Куманово и во Виница, а во еден од нив се бара увид во целокупниот материјал од гласањето.

Рокот за поднесување на приговорите истекува вечер во 22 часот.

Според информациите од ДИК, два од приговорите се однесуваат на едно избирачко место во Куманово и се со иста содржина. Еден од набљудувачите на ова избирачко место ги поднел овие два идентични приговора во кои тврди дека претседателот на избирачкиот одбор ја злоупотребил должноста со корекции на записникот од гласањето.

Останатите четири приговори се поднесени од Тодор Петров и од Светскиот македонски конгрес.

Тодор Петров во еден од приговирте бара отворање и увид на целиот материјал од гласањето на референдумот.

А друг приговор е поднесен за едно избирачко место во Виница, каде како што било наведено во приговорот, недостасувале седум од неупотребените гласачки ливчиња.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски бара бремените жени да се ослободат од работа и од приватниот и од државниот сектор

Редакција

Обвинителот Пеливанов бара обвинетите во „Меѓународен сојуз“ да се прогласат за виновни

Редакција

Корона вирусот наголемо се шири низ Дебар

Редакција