еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

18-годишно момче од Тетово пронајдено починато во неговиот дом

Од Секторот за внатрешни работи – Тетово информираат дека 18-годишно момче е пронајдено мртво во неговиот дом.

– На 13.05.2024 година околу 18,00 часот во СВР-Тетово, од Ургентен центар на Клиничката болница Тетово, пријавено е дека во болница е донесено лицето Е.Ш. (18) од Тетово.

Според извештајот, неговата мајка и сестра го пронашле без свест во бањата во нивната семејна куќа.

Смртта без траги на насилство е констатирана од лекар, додека јавен обвинител и екипа од СПБ-Тетово извршиле увид на местото на настанот.

По наредба на јавен обвинител безживотното тело на починатиот е предадено на семејството, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загина пешак по удар од камион на патот Гостивар-Кичево

Редакција

Лани биле изградени 3.445 станови

Редакција

Убава вест: Оздравени 748 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција