еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Кој сакаше да го убие Киро Глигоров

Многу терории за тоа кој стои зад атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров се споменува низ медиумите изминативе 23 години, но ни една не одговори кој всушност сакаше да го убие.

Српска, бугарска, чешка, а од пред неколку години и албанска врска најдоа медиумите, се споменува „Ослободителната војска на Македонија“ од Австралија, бугарската „Мултигруп“, југословенската „КОС“…, но одговор од официјалните институции не добивме.

Сите овие теории се покажаа како неверодостојни, а секоја нова власт ветуваше дека ќе ги открие атентаторите.

Интересно е дека истражната постапка за тоа кој стои зад атентатот се уште е отворена.

Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во главата, а на лице место загина неговиот возач Александар Спировски.

Беше повреден и телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски, а како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

КАКО БЕШЕ ИЗВРШЕН АТЕНТАТОТ

Атентатот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.

Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движело кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“.

КАКО ТЕЧЕШЕ ИСТРАГАТА

Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени.

МВР изврши и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата.

Видео: А1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Подзаборавено интервју: Киро Глигоров за спорот за името

Спасовски: Доколку има нови моменти во истрагата за атентатот врз Глигоров веднаш ќе се споделат со јавноста

Дали Глигоров ги знаеше атентаторите?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oд 21 јануари кафулињата и рестораните ќе работат до 21 часот

Редакција

Пожарот во Кочани локализиран, денеска се очекува помош од Србија и Бугарија

Редакција

Тимбилдинг – активност преку која група на индивидуалци се претвора во тим

Редакција