Врховниот судија Наке Георгиев, кој беше уапсен за поткуп од 10 илјади евра, вчера доби 30 дена притвор.
Тој е првоосомничен во овој случај за кој Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судијата Наке Георгиев доби 30 дена притвор
Судијата претходно остана и без имунитет за што одлучуваше Судскиот совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судијата Наке Георгиев остана без имунитет, може да оди во притвор и е одалечен од работното место
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал судија во Врховен суд.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил куќа и земјоделско земјиште во Струмица, кои се подарок.
Пријавил и доградба на куќа.
На име на децата пријавил стан во Скопје од 92 метри квадратни и три автомобили, сите марка Ауди.
На име на сопругата пак пријавил стан во Струмица од наследство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е судијата Георгиев кој поради поткуп доби притвор од 30 дена
Претресена канцеларијата на судијата Наке Георгиев во Врховниот суд