еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Бигорски манастир повторно инспирација за младите уметници од „Мал Битолски Монмартр“

Детската ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“ и годинава го посети прекрасното светилиште Бигорски манастир.

Стотина млади уметници од 20 земји во светот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Индија, Израел, Јапонија, Кина, Македонија, Малезија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Турција, Франција, Хрватска, Чешка, Црна Гора), со своите штафелаи, четки и палети и пред сè, со својот уметнички талант и младешки творечки дух, ги пренесоа на сликарско платно архитектонските и природните убавини на Манастирот, секој преку својата лична естетска перцепција.

На учесниците им беа доделени пофалници, а како најдобри цртежи беа избрани четири дела на учесници од: Португалија, Кина, Чешка и Србија.

Во знак на благодарност за гостољубието и благословот, организаторите на настанот му се заблагодарија на Старецот Епископ г. Партениј, и му подарија три икони изработени од школата на Православната богословија „Венјамин Костачи“, Романија (Православна Црква на Романија). Тие, исто така, на Старецот му ги подарија и делата од минатогодишната колонија.

Извор/фото: bigorski.org.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Редакција

Познат идентитетот на 29-годишната девојка од Македонија која загина во сообраќајка кај Солун

Редакција

Пребројани 400.000 гласачки ливчиња: Пендаровски води пред Силјановска Давковка, разликата се стеснува

Редакција