Почнувајќи од 1. август 2024 година, државјаните на Македонија, кои планираат патување во Израел, задолжително ќе треба да пополнат формулар преку Системот за електронска авторизација – Electronic Authorization System (ETA), gov.il.
Системот ќе биде отворен за аплицирање, почнувајќи од 1. јули и нема да биде овозможен влез во Израел од 1, август, без претходно одобрение од ЕТА, информираат од македонското Министерство за надворешни работи..
На патниците без пополнета апликација и добиена авторизација нема да им биде дозволено качување на авиони кои летаат за Израел.
Апликацијата ќе чини 25 израелски шекели (околу 6.25 евра), а авторизацијата ќе има важност меѓу 90 дена и две години.
Самата авторизација не подразбира дека се овозможува престој во Израел подолго од 90 дена.
Во случај на евентуални технички проблеми при аплицирање, отворена е електронска меил адреса, на која може директно да се упати молба за појаснување: [email protected].
На следниот линк може да се најдат практични информации за самиот систем и аплицирањето: israel-entry.piba.gov.il.