еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Нема да има промена на преговарчката рамка за Македонија, уставни измени мора да има, порача Гир

Дејвид Гир, амбасадорот на Европската Унија (ЕУ) во Македонија во емисијата Топ тема на телевизијата Телма, порача дека прашањето за уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав е непроменето и ќе биде нешто кое новата влада ќе мора да го реши.

-Дел од тој договор беше дека ќе има промени во Уставот, за вклучување на луѓето кои се идентификуваат како Бугари под заштитата на самиот Устав. Тоа не е променето. Сѐ уште е таква ситуацијата. Значи, тоа ќе биде прашање кое новата Влада ќе мора да го реши, директно.

Секако, новата Влада можеби ќе ја искористи опцијата да разговара со Бугарија, но отсекогаш велев дека имаме договор кој беше постигнат со големи тешкотии, тешко ми е да замислам дека би било можно да се пронајде подобар договор, и не гледам можност за промени во преговарачката рамка, рече Гир.

Тој порача дека новата влада мора да се вклучи и да размисли како понатаму ќе постапува по ова прашање, фокусирајќи се на клучната цел, а тоа е земјата одлучно да напредува кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕК препорача отварање преговори со Украина и Молдавија, Унгарија е против

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Падна црногорската Влада

Редакција

(Видео) Малиот Димитар покажа дека е голем борец по успешната операција на вродената срцева маана

Редакција

Нема да подржиме уставни измени по бугарски диктат не само сега, туку и во иднина, вели Мицкоски

Редакција