Орхан Муртезани, кадар на Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“ е кандидат за министер за европски прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада
Образование
Според тоа што стои во неговата официјална биографија тој завршил додипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во периодот од 2004 до 2009 година.
Постдипломски студии завршил на Универзитетот Мармара во Истанбул, Турција, во периодот од 2012 до 2014 година.
Политичка кариера и работно искуство
Тој е поранешен генерален директор и претседател на Управниот одбор на државната МЕПСО, во периодот од 2021 до 2023 година.
Муртезани е и соосновач и директор на Оки транс логистикс ДОО во периодот од 2020 до 2021 година.
Бил и генерален директор и претседател на Управниот одбор на Македонски железници – транспорт, во периодот од 2019 до 2020 година.
Од 2015 до 2017 година бил директор на Центарот за демократија и развој.
Тој е и портпарол на Алтернатива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Бесар Дурмиши, кандидат за министер за економија и труд
Кој е Владо Мисајловски, кандидат за министер за одбрана
Зборува и италијански: Кој е Христијан Мицкоски, кандидат за премиер на Македонија
Фото: Алтернатива