Скопјанец на возраст од 35 годин починат бил донесен во Градската општа болница „8 Септември“, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што изјавил неговиот татко дома му се слошило по што бил однесен во болницата.
На неговото тело немало траги на насилство.
– На 21.06.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ без знаци на живот бил донесен Е.Д. (35) од Скопје.
Според изјавата на неговиот татко, на Е.Д. му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, велат од МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.