еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што објавија Асанж и Викиликс за Македонија: Американците сметале дека Македонија е со разумни ставови за јазикот

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж по 14 години правна битка и голгота конечно е слободен човек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Џулијан Асанж е слободен човек, американскиот суд го ослободи

еМагазин во серијал ќе Ве потсети на дел од документите на американските власти, што ги објавија Асажн и Википедија за Македонија.

Македонија со разумни ставови за јазикот

Во документ на американската дипломатија од Стокхолм на Европската унија се посочува оценката на поранешниот американски помошник државен секретар Филип Гордон дека Македонија има разумни образложенија за македонскиот јазик и за именувањето на државјанството.

“Македонците треба да попуштат за прашања како именувањето на аеродромот. Потребно е двете страни да попуштат за одредени прашања“ се цитира во документот на американските власти Гордон, кој додал дека без разлика дали е фер или не можеби ќе мора да се направи компромис за името за да се напредува во процесот на евроинтеграција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што објавија Асанж и Викиликс за Македонија: Киро Глигоров верувал дека Македонците ќе прифатат компромис за името

Што објавија Асанж и Викиликс за Македонија: Скопје уште во 2008 година се согласило за „Република Северна Македонија“

Фото: Викиликс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за две лица за убиството на докторот Ацо Трпковски

Редакција

Антикорупциска: Заев не може да биде премиер и министер за финансии

Редакција

(Фото) Планинари садеа дрвца и го искачија врвот Клепа во чест на Калина и Александар

Редакција