Индексот на трошоците на животот во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи зголемување од 3,2 %, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,1 %, објави Државен завод за статистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, изнесува -0,3 %.
Намалувањето на инфлацијата во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4,2 %, комуникации за 0,4 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 %.
Во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, зголемување на трошоците на живот е забележано во следните групи: здравје за 1,2 %, разновидни стоки и услуги за 0,9 %, ресторани и хотели за 0,7 %, рекреација и култура за 0,5 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,3 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,2 %, облека и обувки за 0,1 %.
Трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 99.1.
Фото: Унсплеш