еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Екстремните жештини причинители и за труење со храна, внимателно во рестораните и сендвичарите

По добиено известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, за сомнеж за можно труење, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вчера, 10.07.2024 година, спроведоа вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во скопски Аеродром.

„Основ за вонредната инспекциска контрола се пријавени 9 случаи, од кои 5 лица лабораториски потврдени со наод на Салмонела (Salmonella infection), 3 лица со гастроентероколитис (Gastroenterocolitis) и едно лице со Intoxicatio alimentaris (труење со храна).

При контролата констатирана е задоволителна санитарно – хигиенска состојба во објектот.

Сосовите со мајонез и кечап, како и плескавици и пилешки стек се од сопствено производство кои се доставуваат до објектот со соодветно возило за транспорт, а редовно се воделе и записи за добра хигиенска и производствена пракса. Вработените лица, утврдено е при вонредниот надзор, биле со уредни санитарни книшки,“ се вели во соопштението на АХВ.

Труење со храна имаше и во ресторан во Влае, каде што четири лица биле со симптоми на труење.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа: Во сообраќајни несреќи по нашите патишта, животот го губат 158 лица годишно

Редакција

(Видео) И Прилеп има бугарско здружение, во градот има многу Бугари, вели претседателот

Редакција

Градоначалникот на Арачиново не е повреден, повредени се две лица кои биле со него: Детали од МВР

Редакција