еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Помеѓу 4 и 5.000 евра поединечно чинеле авио билетите за Мицкоски и министрите до Вашингтон, тврдат од СДСМ

Авио билетот за патувањето на премиерот Христијан Мицкоски до Вашингтон за Самитот на НАТО чинел 237.072 денари или 4.000 евра, за министерот за одбрана Владо Мисајловски, 280.000 денари (околу 5.000 евра), а за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, 4.500 евра поединечно, тврдат од опозициската СДСМ.

Сите тие како што соопшти денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, патувале во бизнис класа и само за авиобилетите потрошиле речиси 20 илјади евра.

Антикорупциската комисија отвори предмет за оваа патување, бидејќи во Вашингтон со Мицкоски со него беше и неговиот син Јован Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И синот на Мицкоски бил во Вашингтон, објави поранешната министерка Петровска

Синот на Мицкоски не беше дел од НАТО делегацијата, велат од МНР

Семејството на Мицкоски платило за да син му дојде со него Вашингтон, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски пристигна во Собранието, Реџепи од Беса го нарече “современ“ Амди Бајрам

Редакција

Се потел и му се појавило црвенило по лицето: Братот на премиерот го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски

Редакција

Службата за општи и заеднички работи на Владата склучи договор со Никоб вреден 3,2 милиони евра

Редакција