еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Фото) Запознајте ги спортистите кои ќе ја преставуваат Македонија на Летните олимписки игри во Париз

Македонија на Летните олимписки игри во Париз, кои започнуваат утре, ќе ја преставуваат: Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Рељиќ (таеквондо).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Знаменосци на македонското знаме на отворањето на Летните олимписки игри во Париз ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ

Кој е Дарио Ивановски

Дарио Ивановски е олимписки стипендист на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Ивановски има трчано бројни атлетски дистанци во кариерата, а дебито на маратонските патеки го имаше на Скопскиот маратон во 2020 година, на кој следната година и победи.

Во меѓувреме, тој продолжи да ги подобрува своите времиња, па во последните години неколкупати го подобруваше државниот рекорд во маратон, што во моментов изнесува 02:08:26, остварено во Севиља во февруари оваа година.

Дарио во моментов е на подготовки во Франција  каде ќе остане се до почетокот на игрите.

Ивановски својот настап ќе го има на 10. август на маратонската трка низ Париз.

Кој е Владимир Егоров

Македонски репрезентативец во борење, Владимир Егоров, за прв пат во кариерата ќе настапува на Летните олимписки игри.

Егоров кој е носител на повеќе медали од големите натпреварувања, секако е македонски адут за медал.

Тој нé израдува со златото на Европското првенство во Будимпешта во 2022 година, а истата година ја освои и бронзата на Медитеранските игри во Оран.

Првиот медал (бронзен) Егоров на Македонија и го донесе од Европското првенство во Букурешт 2019 година.

Егоров ќе настапи во категоријата до 57 кгр. (слободен стил), и тоа во првата, осминафинална, рунда на 8. август од 11.30 часот. Борбите во репасажот се закажани за 9. август (11.00 часот).

Кој е Никола Ѓуретановиќ

Преку 14.000 спортисти ќе бидат дел од Олимписките Игри во Париз. Сигурно дека еден од најмладите меѓу нив ќе биде македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ.

Тој веќе има соборено голем број државни рекорди, не само младински, туку и сениорски.

Што се однесува до очекувањата, јасно е дека еден од најмладите на оваа Олимпијада, во моментов не може да размислува за висок пласман. Сепак, Никола верува дека ќе го даде најдоброто од себе, а за што ќе биде тоа доволно, останува да се види.

16-годишниот Македонец своето деби во олимпискиот базен во Париз ќе го има на 27. јули (по 11 часот), за кога се закажани квалификациите во трката на 400м. слободно.

Која е Анастасија Мојсовска

Таа ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка, натпревар кој на програмата на Олимписките игри е на 27. јули 2024 година.

Кој е Еди Шерифовски

Ова е трета Олимпијада по ред на која Македонија ќе има претставник во џудо. Претходно Катерина Николовска во Рио 2016 година и Арбреша Реџепи во Токио 2020 година учествуваа на Олимписките игри.

За нашиот најдобар џудист, Олимпијадата значи сон од детството и цел која живеела во него секој ден.

Турнирот во џудо е од 27 јули до 3. август. Еди својот прв настап ќе го има на 30, јули.

Мила Рељиќ

Мила на последните седум турнири е освојувач на 5 медали. Ги доведе до совршенство одредени техники со кои драстично отстапува од другите натпреварувачки. Посебно со кондициската подготвеност таа е меѓу петте најдобри во светот во женска конкуренција.

Последниот златен медал го освои на Европското клупско првенство (ЕП) во Тирана (Албанија).

Фото: МОК/користени материјали од МОК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чии акции се со најголем раст и пад на Македонската берза во април

Редакција

Нови 511 случаи на Ковид-19, оздравени 264, две починати лица

Редакција

Неколку лица со закана со оружје нападнале чувар и запалиле банкомати во Топанско Поле

Редакција