Весна Јаневска е новата министерка за образование и наука.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист, кој го доставила до Антикорупциската комисија кога станала министерка.
еМагазин во серијал Ви пренесува каков имот пријавиле сите членови на Владата.
Каков имот пријавила
На свое име има два стана во скопски Центар, од кои едниот е од наследство.
Во Слоештица пријавила куќа на сопругот, неколку парцели земјоделско земјиште, пасишта, шума и градежно изградено земјиште од наследство.
Вози Ровер и Опел, а пријавила и пари од наследство. На име на сопругот пријавила оружје, подарок од Министерството за внатрешни работи, за кое има дозвола.
На свое име има и удел во инвестицки фонд, како и девизни сметки, а на име на сопругот и персонален сеф.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Игор Филков, министерот за правда
Има стан и во Бугарија: Каков имот пријавил Зоран Љутков, министерот за култура
Фото: Влада