еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Исхрана на 35 степени – што му треба на вашето тело

Високите температури и топлото време се уште и во текот на август ни наметнуваат потреба од специфична исхрана и освежителни оброци. Високите температури полесно се поднесуваат со лесни, а хранливи оброци, богати со витамини, минерали и протеини. Токму затоа и со такви оброци се карактеризира и медитеранската кујна каде една од главните состојки е грчкиот јогурт.

Овој млечен производ е многу популарен во медитеранската кујна којашто меѓу другото важи за една од најздравите во светот.

За да го донесете вкусот на Медитеранот на вашата трапеза потребна е само една состојка – грчки тип на јогурт Грекос. Класичниот бел грчки тип на јогурт Грекос има кремаст и богат вкус, совршен e за комбинирање во разни оброци.

Ви предлагаме два рецепти, солен и благ, вкусни и освежителни.

Солена летна салата со грчки тип на јогурт Грекос

Состојки:
•⁠1,4кг мали компири (варете ги компирите околу 25-30 минути);
•⁠ ⁠400г грчки тип на јогурт Грекос;
•⁠ ⁠2 рендани чешниња лук;
•⁠ ⁠60мл маслиново масло;
•⁠ ⁠4 лажици вински оцет;
•⁠ ⁠2 лажички оригано;
•⁠ ⁠сол и бибер;
•⁠ ⁠3 свежи главици кромид, исечкани во кругови;
•⁠ ⁠1 зелена, исечкана пиперка;
•⁠ ⁠4 лажици копар.

Ставајте ги состојките според дозата и на крајот само промешајте и уживајте во вкусот.

Овошна летна салата со грчки тип на јогурт Грекос

Состојки:
• 400г грчки тип на јогурт Грекос;
• 1 чаша мандарини;
• 1 чаша јагоди;
• 1 чаша праски;
• 1 чаша киви;
• ½ чаша боровинки;
• 1 банана;
• 1 лажица мед.

Започнете со ставање на овошјето во длабока чинија за салата. Исечете го овошјето на мали парчиња а потоа додајте го грчкиот тип на јогурт Грекос. Измешајте ја овошната салата и за крај додадете една лажица мед за да добиете сладок вкус.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во вторник и среда дожд и снег, од утре минусни температури

Редакција

Како да го изберете Вашиот идеален протеински бар?

Редакција

Денеска е Голема Богородица: Што знаете за мајката на Исус Христос

Редакција