еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Колку потрошиле претседателските кандидати: Сиљановска Давкова и Пендаровски најмногу

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) објави посебен извештај за финансирањето на изборната кампања на претседателските избори што се одржаа пролетва.

Сите седум кандидати потрошиле вкупно 459.815.831 денари или 7,5 милиони евра.

Најмногу потрошиле Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски, по околу 2,6 милиони евра.

Следува Бујар Османи, кој потрошил 900 илјади евра, па Арбен Таравари со 800 илјади евра.

Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски и Билјана Ванковска потрошиле по околу 160.000 евра.

Анализата на ДКСК покажува дека изборната кампања е финансирана со 77 отсто од средствата обезбедени од Буџетот (од граѓаните), додека 23 отсто се средства од други извори на финансирање.

За платено политичко рекламирање, седумте кандидати потрошиле вкупно 353 милиони денари, 12 милиони денари за транспортни услуги, над седум милиони денари за основни расходи, околу 77 милиони денари им биле трошоци за реклами и пропаганда, а над десет милиони денари за предизборни собири.

Целиот извештај ОВДЕ.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОСТ: Првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера

Редакција

Минатата недела 145 случаи на Ковид-19, едно лице починало

Редакција

Макрадули проблемот е што тебе не те знаат, Борко Ристовски сите го знаат

Редакција