Косоварот Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кој беше уапсен на граничниот премин Јажинце на македонска страна, по потерница од Србија, вчера избегал од куќниот притвор во Скопје, објави Сакам да кажам.
Тој беше во куќен притвор во дом на роднини во Македонија.
Претходно беше во истражниот затвор Скопје (Шутка), а како што објави СДК избегал откако вчера судии од Кривичниот совет при Кривичниот суд во Скопје му одредиле ефективен притвор од 30 дена поради опасност да избега.
-Некој од Кривичниот суд денеска му дојавил на Рамадани дека ќе се враќа во Шутка, па истиот момент избегал од Македонија, велат извори од истрагата за СДК.
Србија го бара по потерница поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР потврди дека избегал Рамадани, ќе се бара со потерница