еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата наместо авиокомпании, ќе субвенционира дестинации

Владата наместо авиокомпании како што беше досега, ќе субвенционира авиолинии, информираше денеска министерот за транспорт, Александар Николоски.

Новиот начин на субвенционирање е за да се намали зависноста од една компанија, како што е сега случајот со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“.

Со новиот сет мерки кои ги презентираше Николоски ќе се плаќа по патник во доаѓање, а не во заминување.

„Досега се субвенционираше по патник на заминување од Македонија, а отсега ќе субвенционираме по патник на доаѓање во Македонија. Целта е да носиме луѓе, туристи, на поевтин начин.

Второ, ако претходно беше 7 евра по патник на заминување, сега субвенцијата ќе биде 9 евра по патник на доаѓање на Скопскиот аеродром.

Ако претходно беше по 4 евра од Охридскиот аеродром, сега со стимулирање на туризмот, ќе биде 12 евра по заминат патник од овој аеродром“, рече тој.

Субвенции ќе има и за линии надвор од Европската Унија (ЕУ). Досега Владата даваше субвенции само за летови од аеродромите на ЕУ.

„Од први јануари 2025 година до 31 декември 2027 година се планира годишна програма за субвенционирање во износ од по 125 милиони денари, за разлика од досегашната која изнесуваше 63 милиони денари годишно.

Авиокомпаниите кои ќе конкурираат, ќе треба да исполнат услов – да имаат опслужено 5 милиони патници во текот на 2023 година. Треба да имаат и најмалку 10 милиони евра профит во текот на 2023 година“, информираше министерот.

Субвенции од државата во моментов добиваат „Визер“ и германската „Луфтханза“.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бугарски пратеници, министри, полициски функционери изнајмувале жиголо, некои не му платиле, па пред камера тој си ги бара парите

Редакција

(Видео) Четврти подвиг летово: Младиот Марко Пејчиновски преплива 30 км од Струга до Св. Наум

Редакција

Ковачевски ќе бара поништување на државјанството на Онишченко

Редакција