еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ММФ ни предвидува минимален раст на БДП од 1,6%, Владата останува на проекцијата од 3,2%

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во есенскиот извештај „Перспективите на светската економија“ предвидува дека раст на македонскиот БДП годинава ќе биде 1,6%.

Претходнодната проценка на ММФ за растот на македонската економија беше 2,8 отсто.

Од Владата пак велат дека остануваат на нивната проекција за раст на економијата од 3,2%.

„Немаме никакви причини да се откажеме од проекциите затоа што имаме раст во второто полугодие и го очекуваме растот во третото полугодие. Остануваме на проекцијата од 3,2% раст и ги имаме сите практични причини за тоа“, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја прогнозата на ММФ.

ММФ за наредната година прогнозира дека БДП на Македонија ќе порасне за 2,6%, а до 2023 година годишен раст од 3,4%.

Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово 4%, Црна Гора 3,7, Бугарија 3,6, БиХ 3,2 и Хрватска 2,8%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување за 35,3%: Минатата недела 44 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

„БИМ“ оствари добивка од 197.000 денари за три месеци

Редакција

(Фото) Едно лице загина, а две се поврдени во пожар во Требеништа

Редакција