еМагазин
Image default
Македонија

Обезбедени се 80 пратеници или власта блефира: Почнува процедурата за уставните измени

Денеска во македонското Собрание со седница на Комисијата за уставни прашања, чиј претседател е собранискиот претседател Талат Џафери почнува процесот за уставни измени, кои се предвиди со договорот за името со Грција.

Иако во јавноста се уште на големо се шпекулира дека е обезбедено потребното дво-третинско мнозинство или минимум 80 пратеници за да овие измени поминат, официјална потврда за тоа нема ни од власта, ни од опозицијата.

За во понеделник пак е закажена пленарната седница.

Заменик на Џафери во комисијата е Џеват Адеми, а членови се Бетиан Китев, Енес Ибрахим, Соња Мираковска, Самка Ибраимовски, Лилјана Поповска, Анета Симеска-Димоска, Татијана Лалчевска, Сурија Рушиди, Никола Груевски, Трајко Вељановски, Димитар Стевананџија, Нада Ципушева, Дафина Стојановска, Иван Стоилковиќ, Стојан Миланов и Фадил Зендели.

Сите членови во Комисијата имаат и свои заменици.

Останува неизвесно дали на истата ќе присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Деловникот за работа на Собранието, претресот по предлогот за пристапување кон измена на Уставот во Комисијата за уставни прашања може да трае најмногу десет работни дена.

Член на Комисијата за уставни прашања и пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути.

Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Низ кои три фази би требало да оди постапката за уставните измени

„Жешкиот костен“ во рацете на пратениците: Каква е постапката за промена на Уставот?

Обезбедени ли се 80 пратеници: Во понеделник почнува пратеничката расправа за уставните измени

Сите детали од владиниот предлог за промена на Уставот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

55-годишна жена приведена за лажна дојава за поставени бомби во училишта

Редакција

САД: Време е Македонија и Албанија да продолжат заедно во следната фаза од процесот на пристапување во ЕУ

Редакција

Целта на отварањето на бугарските здруженија со вакви имиња е да го забави зачленувањето во ЕУ, вели директорот на Агенцијата за разузнавање, Муслиу

Редакција