еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До утре дожд, од недела стабилизација на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни проследени со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи.

Во сабота во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа, во следните денови, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Џиновска верзија на гитарата на Лени Кравиц монтирана во Охридското Езеро

Редакција

Обезбеден е природен гас до крајот на месецов, на маса се повеќе опции за снабдување на индустријата по 1 мај

Редакција

Парична казна за новинарката која упадна во етерот на руска телевизија со транспарент за војната во Украина

Редакција