Од Македонската берза информираа дека врз основа на Одлуката бр.02-923/1 донесена од страна на Одборот на директори на Берзата, овластениот учесник на пазарот за хартии од вредност Халк Банка АД Скопје е примен во членство на Македонската берза АД Скопје.
Тоа значи дека Банката ги доби сите потребни дозволи од наделжните регулатори за основање на Дирекција за работа со хартии од вредност, што значи дека може да извршува брокерски работи.
-За почетокот на тргувањето на оваа нова членка ќе следи дополнително известување, велат од Берзата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Билал Суџубаши, кој е реименуван за главен извршен директор и претседател на УО на Халк Банка
Билал Суџубаши реименуван за главен извршен директор и претседател на УО на Халк Банка
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.