еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Имлек Протеин – Движечката сила на 14. 300 учесници  на ВизЕр Скопски маратон

Имлек Протеин и оваа година го поддржа најмасовниот спортски настан во земјава. Над 14. 000 професионални маратонци, полумаратонци и рекреативци учествуваа на ВизЕр Скопски маратон, кој се одржа по 20-ти пат, а Имлек Протеин и овој пат ги поддржа и да им даде енергија на учесниците.

Имлек Протеин придонесе за возбудливата атмосфера со енергична зона, каде  учесниците и навивачите можеа да ја обноват својата енергија со оптимална доза со Имлек Протеин шејк и да се подготват за уште една акција за забава на интерактивните игри и активности  како: скок во височина, спортски активности со пилатес топки и баланс борд.

Присуството на Имлек Протеин на маратонот ја нагласува важноста на снабдувањето на телото со протеини. После спортска активност мускулите се исцрпуваат, па од клучна важност е внесот на доволно протеини за нивна регенерација и градење мускулна маса.

Имлек Протеин обезбедува 30 грама чист млечен протеин на порција од 300мл. Без додаден шеќер и лактоза, со само 0,1% млечни масти, тој е идеален избор по напорна активност или по трката за градење и регенерирање на мускулите. Имлек Протеин шејк е достапен во три вкусови: чоколадо, ванила и јагода во пакување од 300мл и 500мл.

Имлек Протеин беше претставен и од тим од вработените на компанијата, кои беа дел од маратонот.

„Како компанија која ја вреднува важноста на спортот и здравиот начин на живот, не само што го поддржуваме ВизЕр Скопски маратон туку активно учествуваме и ние самите. Ова е доказ за нашата посветеност кон поттикнување на здрави навики  и поддршка на спортските активности“, велат од тимот на Бимилк.

Најпосакуваното протеинско задоволство на овој 20-ти ВизЕр Скопски маратон, како и на голем број на трки оваа година, беше Имлек Протеин шејк кој што продолжува да ги поддржува сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени да зграбат  Имлек Протеин енергија и нови предизвици.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Брако“ и „Грин Машинс“ во јуни на престижните саеми во Минхен и Диселдорф

Редакција

На конкурсот на Движењето за поддршка на креативност „Иво Лауренчиќ„ и „Арс Ламина“ се пријавија 316 автори со 442 современи бајки од Македонија

Редакција

Два одлични романа во „Нашите приказни“, новата едиција на ТРИ

Редакција